Изберете јазик

Albanian English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Сервис

                                    

ТЕКОВНО И ИНВЕСТИЦИОНО ОДРЖУВАЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА ТЕРМО ТЕХНИЧКИТЕ ИНСТАЛАЦИИ

Тековно и инвестициско одржување и сервисирање на термо техничките инсталации

Навремено тековно одржување и сервисирање на уредите и опремата се приоритетна обврска на фирмата Техноклима како застапник на брендирани производи, бидејки редовното одржување и сервисирање ја зголемува безбедноста на функционирањето, продуктивноста на производната опрема и технологија и го продолжува векот на траење на производот.

Техноклима располага со стручни екипи составени од искусни инженери и сервисери опремени со современи алати и инструменти за контрола и дијагностика кои можат за кратко време да извршат дијагностика и остранување на дефектот со помош на обезбеден лагер на резервни делови.

Техноклима располага со сопствен сервис за опрема за вентилација и опрема за климатизација врз база на обуките и сертификатите кои се добиени од страна на странските фирми кои Техноклима ги застапува.

Успешното сервисирање и одржување во најголема мерка ја подигнува на повисоко ниво безбедноста на функционирање на инсталациите и производите и ги зголемуваат економските показатели на корисниците за остварување на поголем профит.

              servis servis1