Изберете јазик

Albanian English French German Italian Portuguese Russian Spanish

Историја

 ТЕХНОКЛИМА Скопје, своето постоење го бележи во 2000-та година, меѓу првите фирми што сериозно и амбициозно го освојуваат пазарот со уреди и системи од областа на централната климатизација и вентилација.

Континуирано и систематски ги следи крупните чекори од областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми. Со имплементирањето на нивните производи во објекти што ги проектира и изведува, Техноклима може успешно да одговори на се посложените барања од страна на инвеститорите.

Фирмата својот брз развој го постигна со примената на новите технологии на следниве производители:
  
      HITACHI, Јапонија - Системи за VRF(variable refrigerant flow)

      SOLER &PALAU-Корпорација од 7 фабрики ширум европа за производство на опрема за вентилација (Англија, Франција, Германија, Белгија, Холандија, Италија   и Португалија);

EUROCLIMA– Клима комори и опрема за клима комори;

BINICLIMA – Вентилоконвектори (фенкојлери);

AEROGRAMMI, Грција - елементи за дистрибуција на воздух;

HISENSE, Кина - опрема за климатизација;

OLEFINI – Воздушни завеси;

AIR CONNECTION, DEC, Холандија - флексибилни црева за дистрибуција на воздух.

Повеќегодишното постоење на Техноклима,  денес резултира во фирма со зголемен број вработени и објекти од различен карактер како ресторани, хотели, дискотеки, кафетерии, индустриски објекти и резиденцијални објекти кои се од големо значање за истата.

Препознатливи сме по користењето на рекуператори во системите за вентилација што овозможуваат 85 % заштеда на енергија со користење на отпаден воздух со предгревање на влезниот воздух во зимски и летен режим.

Техноклима Скопје и тимот од висококвалификувани стручни лица, Ви излегува во пресрет со најразновидни современи решенија за Вашите потреби.

Двете екипи, задолжени за сервис и одржување кои секојдневно ги посетуваат објектите, се разликуваат според спецификата во работењето (климатизација и вентилација).

Од Министерството за заштита на животната средина добивме комплетна апаратура за рецирклажа на фреон со чија помош веќе постоечкиот фреон го вадиме од климата и повторно го користиме во друг клима уред, и сето тоа со цел да се заштити озонската обвивка.

Постојаната посета на меѓународните саеми и семинари од сферата на климатизација и вентилација придонесуваат за зголемувањето на веќе постоечкиот европски акцент во работењето на фирмата.

Можете да сметате на нас- разликата е во квалитетот!